Холивудската ѕвезда Џејн Фонда преку објава на Инстаграм објави дека ѝ е дијагностициран карцином лимфом и дека е на хемотерапија.
„Па, драги мои пријатели, имам нешто лично што сакам да го споделам. Дијагностициран ми е не-Хочкинов лимфом (карцином) и почнав со хемотерапија. Ова е многу лекуван рак. 80% од луѓето преживуваат, па се чувствувам среќна, напиша таа.
Актерката, која претходно фо проучувала ракот, продолжила со изјавата дека има „среќа“ што „има здравствено осигурување и пристап до најдобрите лекари и третмани“.
„Речиси секое семејство во Америка мораше да се справи со ракот во одреден момент и премногу немаат пристап до квалитетната здравствена заштита што ја добивам и тоа не е во ред“, додаде таа.
Ѕвездата од „Georgia Rule“ им откри на своите следбеници дека е на хемотерапија веќе шест месеци, истакнувајќи дека нема да дозволи болеста да влијае на нејзините постапки за справување со климатските промени. Фонда рече дека низ оваа авантура открила дека ракот е „учител“ и „обрнува внимание на лекциите што ги има за неа“.
„Живееме во најважното време во историјата на човештвото, бидејќи она што го правиме или не го правиме сега ќе одреди каква иднина ќе има и нема да дозволам ракот да ме спречи да го правам она што можам“, додаде таа.
Be the first to write a comment.