ПСЖ синоќа го објави новиот договор со Килијан Мбапе до јуни 2025 година, а веќе од утрово пристигнуваат и нови вести од таборот на францускиот шампион, но не така добри за некои од главните ликови во клубот.
Спортскиот директор Леонардо доби отказ и раскин на неговиот договор. Парижаните се подготвуваат да објават нов спортски директор, а истото важи и за тренерската позиција. Маурисио Покетино вчера против Мец за последен пат го водеше ПСЖ од клупата.
Иако засега не е јасно кој ќе го замени Леонардо, за Покетино речиси сигурно е дека негов наследник ќе биде Зинедин Зидан.
Be the first to write a comment.