Водителот на Гранд остана без работа. Популарниот водител Горан Чомор ја напушти ТВ Гранд, а на јавноста и објасни зошто го направил тоа. Тој остана без работа, па се огласи и имаше силна порака.

Имено, извесно време ја водеше емисијата Гранд коктел, чиј YouTube канал подоцна од челниците на оваа продукција беше преименуван во Гранд носталгија. Овој потег на телевизијата го изнервира водителот, па порача:

– Почитувани, кога дадов отказ од работата во Гранд, тоа го направив поради непрофесионалното раководство кое покрај тоа што нема ни денТВ искуство и одредено школување, нема ни талент да снима програма. Совршено замислена ТВ се претвора во плејлиста. Од дваесетина емисии, книгата падна на две букви. Каналот ГРАНД КОКТЕЛ го оставив на преку 200 илјади следбеници, кој го преименуваа во Гранд Носталгија. Осудено на пропаст, истакна тој и додаде:

– Публиката не се лаже. Така не се прави телевизија. Прашајте ги експертите! И да нема забуна. Да бидеме појасни, ниту Саша Поповиќ ниту Брена немаат врска со ова. Тие се маесрални во познавање на истото – напиша водителотпод фотографијата која е направена во студиото на Гранд.

Со оваа порака водителот на Гранда ги растажи сите верни фанови кои со години верно ја следеа неговата авторска емисија која можеше да се пофали со одлична програма и гледаност.