Александар Каришик, режисер, сценарист и продуцент од Нови Сад, на Твитер сподели една занимлива ситуација.

– Синоќа удрив нечиј автомобил и оставив порака на бришачот со мојот телефонски број. Еден час подоцна се насмеав бидејќи добив порака со следдната содржина, напиша тој и го објави текстот на пораката што ја добил преку СМС.

– Господине, во една прилика пред 15 години се најдов во слична ситуација и го оставив мојот број, а господинот ми одговори и рече дека ја простува штетата. Јас сега ви ја простувам вас, а вие во иднина простете му ја на некој друг ако ви се случи таква ситуација. Благодарам што оставивте порака!, напишал во пораката сопственикот на „чукнатиот“ атуомобил.