Почетокот на второто полувреме на мечот Охрид – Бутел почна со доцнење бидејќи на домашниот тренер Горан Андоновски ненадејно му се слошило.

По интервенција на лекарската екипа Андоновски останал во соблекувалната, а потоа е пренесен во охридската болница на дополнителни прегледи.

Во второто полувреме од клупата на Охрид раководи Наум Бабачев, помошникот на Андоновски.