Талентираниот фудбалер со босанско потекло и потенцијален репрезентативец на БиХ, Мухарем Хусковиќ е на интензивна нега по тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа.
Неговиот клуб Австрија од Виена објави дека 19-годишникот доживеал тешка сообраќајна несреќа и се наоѓа во болница на одделението за интензивна нега.
Соопштено е и дека младиот напаѓач е надвор од животна опасност. Хусковиќ е еден од најталентираните европски напаѓачи и е стандарден член на првиот тим на Австрија.
Тој во неделата беше стрелец во победата во градското дерби над Рапид (2:1), а оваа сезона за Австрија има одиграно вкупно 13 натпревари.
Како 18-годишник, тој дебитираше за австриската репрезентација до 21 година и досега собра четири настапи.
Хусковиќ е роден во Виена, но бидејќи неговите родители се од Чајниќ и Брчко, има право да настапува за босанската селекција.
Be the first to write a comment.