Ученик од Пореч, Хрватска, почина на матурска екскурзија во чешкиот главен град Прага, јавуваат денеска хрватските медиуми.
– За жал, на матурата во Прага почина матурант од нашето средно училиште. Не можам да кажам повеќе за тоа бидејќи се уште го чекаме извештајот од локалната полиција, изјави директорот Крешимир Брониќ од гимназијата „Мате Балоте“ во Пореч, пишува Јутарњи лист.
Тој додаде дека е извршена полициска истрага, а што точно се случило ќе се знае по официјалниот извештај.
– Како директор на училиштето се чувствувам ужасно лошо. Не бев присутен, односно не бев на тој пат. Изразувам најдлабоко сочувство до родителите и целото семејство во име на целото училиште и во мое име. Многу сум под стрес, не можам да зборувам повеќе од шок, рече тој.
Тој додаде дека се се случило околу полноќ петокот кон саботата, односно синоќа.
Be the first to write a comment.