Ракометната репрезентација на Македонија синоќа уште еднаш обезбеди место на Европското првенство, а во истите квалификации се случи вистинско чудо.

Имено, на Европското првенство во Германија ќе учествува селекцијата на Фарските Острови, земја со само 52.000 жители. Фарските Острови играа во групата 4 против Австрија, Романија и Украина и завршија на третото место, што беше доволно за ЕП.

На табелата на најдобрите третопласирани селекции од сите групи го зазедоа второто место зад најдобрата Црна Гора која се пласираше на ЕП.

Во прегледот на најдобрите ракометни селекции од оваа група се пласираа и Романците и Австријците, додека Украинците завршија на последното место во групата.

Извлекувањето на групите за Европското првенство ќе се одржи на 10 мај во Дизелдорф.