Американската наставничка во основно училиште Кендис Рид била нападната од родителите на децата, затоа што носела тесна облека во училницата. Тие и рекоа дека е „гладна за внимание“ и „очајна“ поради начинот на кој се облекува.
Учителката по уметност од Њу Џерси често ја споделува својата облека за работа на својот Инстаграм под името Toy Box Dollz, која собра над 966.000 следбеници. На некои слики таа дури позира покрај таблата во училницата, а се фотографира со учениците.
И додека многумина ја пофалија самоуверената учителка за нејзиното чувство за мода, некои родители сметаат дека нејзината облека е неприфатлива. Наставничката наиде на реакција од родители кои рекоа дека не треба да носи ваква облека покрај малолетници.
– Во училница си и се сликаш на Инстаграм со испакнат задник?! Ваквите слики се многу несоодветни – се вели во еден коментар. Друг корисник се пошегува: „Таа фотографија изгледа лудо и изгледа дека сте очајни за лајкови“. Трет пак напишал:
– Патетична си, си го сликаш задникот на часови?
Наставничката одговорила на коментарите со видео на Инстаграм во кое се брани и објасни зошто тоа што го носи не влијае на нејзините наставни способности. Таа рече:
– Видов како некои мажи зборуваат лоши работи за мене, но јас учам мали деца и нема дете во училницата што го мисли тоа. Јас сум навистина, навистина добар учител. Во текот на летото, учениците ми праќаа е-пошта во кои ме прашуваа за домашните задачи. Ја сакаат уметноста. Сакам да предавам уметност и сакам да работам со деца за да создавам уметност – објасни таа.
Луѓето кои го погледнале видеото ја опсипувале наставничката по уметност со пофалби, се восхитувале на нејзината „страст“ за нејзината работа и ја потсетувале дека секогаш ќе има луѓе кои шират омраза, пишува The Sun.
📸
📸
Be the first to write a comment.