Пејачот Ѓорѓе Давид денеска морал итно да оди во Ургентниот центар во Белград. Екипата на „Блиц“ го снимила пејачот Ѓорѓе Давид во Клиничкиот центар на Србија како набрзина излегува од автомобилот и повикува лекарска помош.
Тој заедно со персоналот на Брзата помош помогнал да се извлече црвенокоса девојка од автомобилот, која не се чувствувала добро.
На носилки ја однеле во болницата, а Ѓорѓе цело време помагал.
За да дознаат за што точно се работи, му се јавиле на пејачот која само накратко рекол:
– Станува збор за член на семејството. Се е во ред. Ви благодарам на загриженоста – изјави Ѓорѓе за „Блиц“ откако влегол на прием.
Девојката е задржана на испитувања, а како што дознава „Блиц.рс“ наскоро ќе биде пуштена на домашно лекување.
Be the first to write a comment.