Водителката Весна Марковиќ го запроси Предраг Марковиќ, кој е 36 години постар од неа. Тој не ѝ одговорил истиот ден, туку наредниот. Двајцата си рекоа „ДА“ во 2015 година и сега чекаат девојче.

Не придава значење на разликата во години

Предраг е роден во 1955 година, а Весна во 1991 година. Пред Весна беше оженет и има син.

– Му предложив. На неговиот 60-ти роденден, по полноќ. Иако очите и насмевката му зборуваа јасно – одговори дури наутро, изјави еднаш Весна.

Иако на многумина им е чудно што меѓу оваа брачна двојка има толкава разлика во годините, Весна не му придава големо значење на тоа. Таа вели дека дури и луѓето околу нив го прифатиле фактот дека меѓусебно си персираат, како што вообичаено Предраг разговара со сите.

Тие меѓусебно си персираат

– И мене ме изненади тоа колку лесно речиси сите го прифаќаат фактот дека ние двајца си персираме, како тогаш, така и сега. Луѓето одамна знаат дека Предраг е на „вие“ со сите, освен со оние кои ги познава повеќе од 30 години и оние кои воопшто не ги почитува. Во нашиот брак тоа персирање има дополнителен шарм, но тоа е наша приватна работа. Ние водиме обични животи, се разбира, и взаемно сме му благодарни на Бога што не зближи. Кога ќе се исполнат условите, ќе планираме и црковна венчавка. Договорот со епископот Шумадиски Јован, кој прв ни даде благослов, е тоа да се случи старата црква Караѓорѓе во Топола, изјави Весна.

Неодамна самиот политичар на својот Фејсбук профил објави фотографија на која се возат во кабриолет. Идната мајка треба да се породи овој месец.