Осумгодишно момче синоќа ги преплаши своите родители откако исчезна во областа во атинското предградие Маруси во североисточниот дел на главниот грчки град.

Грчките медиуми утрово јавуваат дека исчезнувањето на 8-годишното момче од Маруси во саботата вечерта (24/9) имаше среќен крај.

Никос Нинасиос, кој исчезна во 21 часот и 30 минути додека бил во областа Маруси и си играл со своите другарчиња, по речиси 5 часа потрага е пронајден во паркот Зекаку.

8-годишното момче се криело во грмушки на плоштадот, до 4-та гимназија Амаруси, каде првично му се изгубиле трагите. Го забележал локален жител.

Детето е во добра здравствена состојба. Мобилизацијата на надлежните била итна, а во потрагата по 8-годишникот учествувале повеќе од 400 жители на околината.

📸

📸

📸