Четири лица загинаа, меѓу кои едно дете, а четири лица се тешко повредени во страшната сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 20 часот на автопатот М-17 во градот Буна-Затон кај Бунски канали.

Како што изјави портпаролот на МВР на ХНК Људевит Мариќ, полициските службеници од Секторот за транспорт ги спроведуваат сите мерки и дејствија предвидени со законот со цел расветлување на случајот и утврдување на околностите под кои се случи трагична сообраќајна несреќа.

Како ште е потврдено, загинатите се Б.К.(35), М.К. (34) и Р.К.(9) кои биле во автомобил „рено сеник“ и М.П.(46) од автомобил БМВ Х5. Сите жртви биле од областа на Мостар и неговата околина.

Жртвите од возилото Рено се членови на едно семејство, брачна двојка и дете. Со тешки телесни повреди се здобиле и лица од два други автомобили БМВ и Мерцедес.

Обвинителката вели дека вештачењето на автомобилот ќе трае неколку дена и дека ова е најтешката сообраќајна несреќа на која работела со оглед на бројот на загинати и повредени.

Истрагата што ја спровеле припадниците на полициската управа Мостар, под раководство на дежурниот обвинител, траела повеќе од пет часа, а за тоа време сообраќајот на оваа делница од главниот пат бил целосно прекинат.