Познатата српска пејачка Милица Павловиќ во четвртокот објави фотографија на својот Инстаграм профил на која качена на дрво смело позира покажувајќи го својот задник со танга.

Додека нејзините придружници ѝ порачаа дека е иубава и згодна, Карлеуша се осврна со еден интересен коментар и насмеа многумина:

– Прекрасна слика! Сега слези од дрвото и донеси го ајварот што го вети! – напиша Јелена во коментарите со емотикони смешковци и срциња.

– Жено, сега во септември се прави тазе! Стрпи се! Знаеш дека сум од збор. Не го сакам оној ланскиот. Мора да биде најдобар. – се надоврза Милица во преписката.

Но, имаше и духовити коментари:

-Сосема разбирам дека се враќаме на дрво, со оглед на тоа во каков свет живееме. Ете ме и мене – напишал некој маж.

Не е сигурно дали пејачката се фотографирала заради спот на некоја нова песна, но сигурно е дека ова не е нејзно ни прво ни последно провокативно издание.

📸

📸