По повод усвојувањето на спорниот закон за пензии, во Франција се уште не стивнуваат протестите. Почнаа собири и штрајкови, а за четврток се планирани големи настани.

Во Париз повторно беа уапсени околу 70 демонстранти, а полицијата безмилосно ги растури протестите спречувајќи ја толпата да се групира и направи барикади и блокади. На видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи може да се види како полицијата брза и интервенира со брутална сила.

Француската влада го спроведе гласањето за недоверба на собранието, со тесно мнозинство од само девет гласа. Пензиската реформа што ги налути француските граѓани предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, како и најмалку 43 години работа за да се квалификуваат за целосна пензија.