48 годишен жител на Софија почина, откако неговото куче го нападна нанесувајќи му смртни повреди, објави бугарската „Нова.тв“. Трагедијата се случила вчера околу 15 часот.
Попладнево неговите роднини го нашле телото и повикале екипа на Итна медицинска помош. Медицинските лица првично не можеле да дојдат до човекот поради кучето, кое било агресивно, а потоа само ја констатирале смртта на мажот.
Соседите раскажуваат дека тој најчесто го чувал своето куче во дворот и тоа често правело проблеми. Сепак, тие се плашеле од миленикот. Роднините велат дека мажот можеби се онесвестил, а потоа кучето го нападнало.
Според експертот Јавор Гечев, причините за ваквиот инцидент можат да бидат многу различни. Главната, смета тој, е начинот на одгледување на животното и дали намерно се барало агресивно однесување. „Недостигот на култура на одгледување кај нас е причина за ваквите инциденти“, е неговиот став.
Тој објасни дека кучето питбул може да се купи за „скандалозно ниска“ цена од 150-200 лева. „Во Бугарија животните се одгледуваат апсолутно без контрола и се продаваат без контрола“, објасни тој и ја нагласи клучната улога на контролните тела.
📸
📸
📸
Be the first to write a comment.