Осум годишно девојче почина во напуштен автомобил на нејзиниот дедо во местото Чаландри кај Атина, откако доживеала топлотен удар.

Девојчето било пронајдено без свест од жителите на ромскиот камп, кој се наоѓал во близина. Малото девојче си играло кога од засега непознати причини се заглавило во автомобилот и доживеало топлотен удар.

Девојчето било пренесено во болницата „Гениматас“, каде била констатирана смрт.

Полициските службеници од Одделението за обезбедување кои го истражуваат случајот ги привеле таткото и мајката на девојчето на возраст од 29 и 27 години поради „смртоносно изложување на малолетник“.

Лекарите проценуваат дека 8-годишното девојче починало од топлотен удар, а дополнително е побарана и обдукција.

📸

📸