Утрово околу 10:30 часот е пронајдено безживотно тело пред зградата на улицата „43. Истарска дивизија“ во Пула, објави Индекс.хр.

Откако полицијата спроведе истрага, од Полициската управа на Истра соопштија што дознале.

– Досегашните истраги не укажуваат дека смртта е последица на кривично дело. Наредена е обдукција на телото на починатата малолетничка хрватска државјанка, известиваат од полицијата.

Полициските службеници продолжуваат со утврдување на околностите на инцидентот. Дел од хрватските медиуми објавија дека околу телото биле забележани траги од крв.

📸

📸