Трудница (23) во деветтиот месец од бременоста била искасана од глутница кучиња во близина на Општата болница во Нови Пазар.
Бремена жена од овој град отишла на редовен преглед и минувала зад хируршкото одделение во Општата болница во Нови Пазар, кога на неа налетала глутница кучиња.
– Според информациите до кои дојдовме, трудницата има неколку каснувања по телото во пределот на левата и десната нога, а сега е на домашно лекување и е во добра состојба. Припадници на новоформираната комунална милиција на Град Нови Пазар излегле на лице место и направиле пријава, објавија медиумите.
Како што неофицијално успеавме да дознаеме, тие не се одговорни за ваквите случаи, туку Градското комунално претпријатие кое треба да ги ангажира надлежните служби за отстранување на кучињата од улиците.
Ова не е прв пат кучиња скитници да напаѓаат минувачи на ова место. Ова е трет случај кучињата да напаѓаат минувачи и пациенти од Општата болница Нови Пазар на ова место, а во рамките на болницата се наоѓа и Медицинскиот факултет, што е уште поопасно за минувачите во овој дел на Нови Пазар.
Be the first to write a comment.