Автомобили со тетовски и скопски регистарски таблици се судрија во Ѓорче Петров. Несреќата се случи попладнево, на раскрсницата меѓу улиците Кузман Шапкарев и Борис Сарафов. Едно од возилата, од силината на ударот е излетано и надвор од улицата.

Очевидци велат дека интервенирала и Брза помош, која двете лица од автомобилот со скопски регистрации ги пренела во болница. Тие биле повредени, а за здравствената состојба засега нема информации.

Увид направи и полицијата, која ќе треба да ги утврди причините за несреќата. Локалното население вели дека на оваа раскрсница скоро никогаш не се почитуваат сообраќајните правила.

📸

📸

📸