Во несреќа во австриската провинција Styria која се случила доцна синоќа, 24 лица се повредени кога автобус со 32 патници паднал од падина во близина на градот Bad Mitterndorf.

Двајца тешко повредени со хеликоптер се пренесени во блиските болници, две лица со брза помош, а другите 20 полесно повредени во околните клиники, соопшти полицијата.

Автобусот превезувал патници до езерото Грундљзе, кога од се уште неразјаснети причини излетал од патот, јавуваат агенциите. Автобусот застанал веднаш до езерото, а сите патници успеале да излезат од автобусот.

📸

📸

📸

📸

📸