Четири женски лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера околу 13 часот и 15 минути се случила на патот Бар-Будва, јавуваат црногорските медиуми.

Со возило слетале во провалија од мостот кај Петровац. На местото на настанот излегле екипи на Брза помош и Служба за заштита и спасување од Пржно и Петровац.

– Службите за заштита и спасување од Пржно и Петровац веднаш реагираа и тие се префрлени во болницата во Бар, изјави началникот на Службата за заштита и спасување во Будва, Драган Божовиќ.

Прв на помош храбро дошол сограѓанинот Капуран Преград, кој случајно се нашол на лице место.

Според РТВ Будва, повредените жени се пренесени во Општата болница во Бар, но засега за нивната состојба не се познати повеќе информации.

📸