Моќта на шминката е огромна, а често се случува вештите раце на шминкерите да успеат да ги истакнат нашите најубави црти на лицето и да ги прикријат неправилностите. Но, што се случува кога има целосна промена во личниот опис?
Шминката може да се користи за многу работи – да ја истакнете вашата природна убавина, целосно да го промените изгледот или да ја зголемите самодовербата. Сепак, некои луѓе тврдат дека употребата на козметика е измама и дека шминката носи сосема погрешна порака доколку нечија трансформација е премногу драстична. Ви ја пренесуваме приказната за една Тиктокерка која предизвика бурни реакции кога откри како изгледа без шминка.
Имено, американската инфлуенсерка Лони редовно ги објавува своите мејкап трансформации на социјалната мрежа TikTok, а тоа вклучува и слики пред и после кои ги прикажува со своите туторијали.
Во една од објавите на почетокот ја гледаме подготвена за излегување со средена коса, многу шминка на очите и надуени усни, а над сликата стои натпис кој луѓето често го оставаат во коментари на нејзиниот профил – „Толку си убава!”.
Во следниот кадар Лони се прикажува во сосема поинакво издание, со собрана коса во опуштено издание и без тронка шминка. Покрај тоа, таа дури и намерно ја спушти брадата, за да ја истакне разликата и контрастот помеѓу овие две појави.
Духовитата девојка дури се пошегува за промената што ја покажа во спотот, па реши да има песна во позадина на спотот чиј стих гласи „Девојко, не сум јас“.
– Мојата горна усна е најголемата измама! – додаде таа во коментар.
Корисниците на оваа социјална мрежа велат дека не виделе подраматична промена, па ова видео сега има дури 7,9 милиони прегледи. Колку луѓето биле фасцинирани од импресивната трансформација доволно говори и податокот дека собрало 1,2 милиони лајкови и повеќе од 5.000 коментари, пишува порталот Сан.
Be the first to write a comment.