Милиони корисници на производите на Мета, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм, наскоро треба да добијат известувања за ажурираните политики за приватност на компанијата. Мета вели дека промените се дизајнирани за полесно да се разбере како се користат информациите за клиентите. Компанијата претходно беше критикувана од регулаторите и активистите за користење на податоците за клиентите. WhatsApp и некои други производи не се опфатени со ажурирањето.

Мета воведува две измени во однос на контролата на обработката на информациите

Мета вели дека промените нема да им дозволат да ги собираат, користат или споделуваат вашите податоци на нови начини. Меѓутоа, има две промени во начинот на кој корисниците можат да контролираат како се обработуваат нивните информации. Новата поставка ќе им даде на луѓето поголема контрола врз тоа кој стандардно може да ги гледа нивните објави. А постојните контроли за тоа какви реклами можат да гледаат корисниците се интегрирани во еден интерфејс. Компанијата исто така ги ажурира своите услови за користење.

Компанијата верува дека оваа промена дава повеќе детали за типовите на трети страни со кои споделува и добива информации и како се споделуваат податоците меѓу нејзините производи. Корисниците не треба да прават ништо како одговор на ажурирањата на политиките за да продолжат да ги користат производите на Мета, но компанијата вели дека луѓето кои не сакаат да ги прифатат промените можат слободно да го напуштат користењето на нивните апликации.

Сопственикот на Facebook предупреди во февруари дека „регулаторните шокови“ најверојатно ќе влијаат на идниот раст. Во март, компанијата беше казнета со 17 милиони евра поради кршење на законите на ЕУ за приватност на податоците во 2018 година. Мета досега одбиваше да го коментира целиот случај и во врска со обвинението против Марк Цукерберг, поради протекување податоци во 2016 година и продажба на информации на Кебриџ Аналитика.