Попладнево се случи страшна сообраќјка пред влезот на Скопје. Поточно, на делот на клучката каде се делат патиштата за кон Скопје и кон обиколницата.

Првичните информации говорат дека се работи за верижен судир, а граѓаните на социјалните мрежи информираат за голем застој во овој дел од Скопје.

Оние што доаѓаат кон Хиподром им се советува да се исклучат на автопатот кој води кон Белград па оттаму кон Белви назад за Скопје или да ја користат Обиколницата. Додека оние кои доаѓаат од Велес, директно да се уклучат кон скопската обиколница.