На Јадранската магистрала во Хрватска, кај местото Шпарадиќи во Шибеничко-книнската жупанија утрово се судриле три автомобили.

Поради несреќата сообраќајот во околината бил во прекин во двата правци. Сите служби за итни случаи излегле на терен.

Три лица се префрлени во болницата во Шибеник, додека еден од нив во меѓувреме починал, јавуваат хрватските медиуми.

На повредените се уште им се укажува лекарска помош, но не се знае сериозноста на повредите.

📸

📸

📸

📸

📸

📸