Во Сплит вечерва се случи несекојдневна сообраќајна несреќа. Имено, автомобилот ја пробил заштитната ограда на стадионот Пољуд и завршил на покривот пред долната страна на стадионот на Хајдук паѓајќи од голема висина, јавува Далмација денес.

– Ужас, катастрофа, но во суштина тоа беше среќа во несреќа, бидејќи се можеше да се случи со многу полоши, трагични последици. Никој не поминуваше, а малку пред тоа децата се враќаа од тренинг, изјавија за Слободна Далмација од Хајдук.

Во автомобилот имало три лица кои се тешко повредени и кои се пренесени во сплитската болница. На местото на несреќата дојде и претседателот на управата на Хајдук, Лукша Јакобушиќ.

Слободна Далмација дознала дека се работи за возило „опел астра класик“ кое прелетало низ оградата и удрило во крајот на салата, завршувајќи на покривот во близина на влезот во фан шоп на Хајдук.

Додаваат дека имало драма и довикување, а вработените во продавницата брзо дошле на местото на настанот.

📸

📸

📸

📸