Италијанската крајнодесничарска партија „Италијански браќа“, предводена од Џорџа Мелони, освои 26 отсто од гласовите на изборите, а нејзината десничарска коалиција има убедливо мнозинство во Парламентот, покажуваат конечните изборни резултати објавени денеска.
Нејзиниот сојузник Матео Салвини од Лигата освои 8,8 отсто од гласовите, додека Форца Италија на поранешниот премиер Силвио Берлускони освои 8,1 отсто од гласовите во Долниот дом на Парламентот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Десничарскиот блок освои вкупно 43,8 отсто од гласовите, што значи дека ќе имаат 237 од 400 места во долниот Претставнички дом, додека во Сенатот ќе имаат 115 од 200 места, што значи убедливо мнозинство.
Левичарската Демократска партија (ДП) освои 19 отсто од гласовите. Таа партија заедно со помалата еколошка партија ќе има 84 места во Претставничкиот дом и 44 во Сенатот.
„Движењето пет ѕвезди“ освои 15,4 отсто од гласовите, така што ќе има 52 места во Претставничкиот дом и 28 во Сенатот.
Центристичката алијанса Азионе освои 7,8 отсто од гласовите, со 21 место во Долниот дом и девет во Сенатот. Останатите места припаѓаат на помалите партии.
Мелони треба да стане првата жена на чело на италијанската влада, а по победата на изборите порача: „Ќе владееме за доброто на сите“.
„Италијански браќа“ е основана во 2012 година. Десничарите во кампањата ветија големи придонеси од буџетот за сузбивање на последиците од енергетската криза, но и намалување на даноците.
Мелони инсистира дека „нема место за носталгија по фашизмот“ во нејзината партија, која има евроскептична, националистичка христијанска програма. Сепак таа ги отфрла повиците да се отстрани од партиското лого пламенот во боите на италијанското знаме, кој беше преземен од логото на неофашистичката МСИ.
Во меѓувреме почнаа да протекуваат некои нејзини претходни изјави во кои се осврна на Хрватска.
„Ќе биде дека отсекогаш сум бил против влезот на Хрватска во ЕУ до враќањето на имотот на Есули. Да не зборуваме за враќањето, директно, на Истра и Далмација“, рече Мелони, кој објави статус поврзан со Јосип Броз Тито од пред неколку месеци.
Assurdo che tutt’oggi un massacratore di italiani sia insignito di una tale onorificenza. FDI ha presentato da tempo una proposta per mettere fine a questa vergogna. Le vittime delle Foibe meritano Rispetto e Giustizia: revocare subito la medaglia della Repubblica Italiana a Tito pic.twitter.com/b4Si5LQafe
— Giorgia Meloni 🇮🇹 ن (@GiorgiaMeloni) February 10, 2022
„Апсурдно е да се почитува некој кој е одговорен за колежот на Италијанците. Браќата од Италија одамна изнесоа предлог-закон за ставање крај на овој срам. Жртвите на Фиби и нивните најблиски заслужуваат почит и правда: веднаш повлечете го Орденот на Италијанската Република од Маршал Тито“, напиша таа во февруари годинава на својот Фејсбук профил.
Нејзиниот ривал, поранешниот премиер Матео Ренци порачува пак дека информациите дека сега постои ризик од фашизам во Италија се апслутно лажни вести.
– Ние во Италија, за жал, го менуваме премиерот речиси секоја година. Ние треба да ги смениме правилата за да обезбедиме стабилност. Јас бев против Џорџа Мелони, ние израснавме заедно во политиката, но сме, и секогаш ќе бидеме ривали. Истовремено, сметам дека таа не е опасност за италијанската демократија, додаде Рензи коментирајќи го исходот од изборите.
Be the first to write a comment.