Тамара Вучиќ (41), сопругата на српскиот претседател Александар Вучиќ (52), по долго време се појави во јавноста.

Првата дама на Србија го отвори осмиот Форум на млади научници во Белград, а специјално се „скоцка“ за оваа пригода.

Тамара облекла елегантен црн фустан со бели детали, а косата ја разделила и лесно ја завиткала украсувајќи ја со венче во форма на плетенка.

Тамара е втора сопруга на српскиот претседател, а се венчаа во 2013 година. Пред да стане прва дама на Србија, работела како телевизиски новинар, а потоа се вработила во дипломатијата. Сега се занимава со хуманитарна работа со посебен акцент на благосостојбата на децата и важноста на раниот развој.

Тамара го роди синот Вукан во јуни 2017 година.

Вучиќ со неговата поранешна сопруга Ксенија Вучиќ, со која беше во брак од 1997 до 2011 година, има уште две деца, синот Данило и ќерката Милица.

Ксенија ненадејно почина во јануари годинава, а веста за нејзината смрт Вучиќ ја објави на социјалните мрежи.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸