Полицаец си го одзеде животот денеска напладне во Солун, јавуваат грчките медиуми.

Според информациите на protothema.gr, станува збор за 40-годишен полицаец кој се застрелал во својот автомобил, кој бил паркиран на улицата Монастириу, на неколку метри од Полициската управа.

Шокантниот инцидент се случил околу 13.00 часот. Веднаш по инцидентот, областа беше опколена од полициски сили кои се упатиле на местото на настанот.

Изворите наведуваат дека полицаецот работел во полициската управа во Солун и со службеното оружје ставил крај на својот живот.

– Всушност, куршумот што го испукал во слепоочницата потоа поминал низ прозорецот на возачот, како што може да се види на фотографиите на protothema.gr.

Засега останува непозната причината зошто решил да стави крај на животот.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸