Тежок инцидент се случил на пазар во грчкото гратче Каламбака, каде од се уште неразјаснети причини, земјоделски камионет се придвижил и повредил три лица, меѓу кои една жена се здобила со потешки повреди.

„Ја убив сопругата“ панично извикал сопственикот на камионетот при инцидентот, кој според очевидци, се случил денеска напладне на пазарот во Каламбака.

Според очевидци на инцидентот, мажот е шокиран од инцидентот бидејќи неговата сопруга била со него за да му помогне да ги натовари работите на во нивниот камионет.

Инцидентот како што пренесуваат грчките медиуми, најверојатно се случил откако се заглавила педалата за гас, по што камионетот влечел две жени и еден маж.

На местото на настанот излегла брзата помош за да се утврди состојбата на повредените. Првите информации, според грчките медиуми, навестуваат за многу тешка повреда на жена, додека мажот и другата жена се полесно повредени.

📸

📸

📸

📸