БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА- Шест лица се повредени во сообраќајната несреќа што денеска се случи во местото Галичиќи кај Попово Поле во Босна и Херцеговина, но за среќа никој не е витално загрозен, велат од Брзата помош за босанските медиуми.

Дежурниот лекар Васко Ковач изјави дека меѓу повредените има една трудница и едно малолетно дете.

– Две лица се тешко повредени, четири лица се полесно повредени. Бремената жена е стабилна, нема сериозни повреди. Повредени се двајца мажи и четири жени. Дијагнозата е во тек, изјави Ковач.

Според него, повредените се од Требиње, Бања Лука и Коњиќ.