Денеска околу 13:00 часот во близина на основното училиште „Зајко Делиќ“ во босанскиот град Вогошќа во близина на Сараево, конструкција од гол паднала врз седумгодишно момче кое било повредено и е хоспитализирано.
Момчето било примено во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, при што се здобило со фрактура на черепот, крварење на средното уво и е во тешка состојба.
Таткото на повреденото момче посочува дека конструкцијата на голот кој паднал не била зацврстена со ништо и дека како таква е голема опасност и за другите деца.
Од Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево за Klix потврдија дека овој инцидент им бил пријавен и дека спровеле истрага.
Be the first to write a comment.