Европскиот комесар за финансии Јоханес Хан се ожени со својата долгогодишна партнерка, поранешната австриска вицеканцеларка Сузан Рис-Пазер.

– Се венчавме во кругот на семејството и пријателите на имотот Ајдербихл и се радуваме на заедничката иднина – се вели во соопштението на брачната двојка.

Рис-Пасер моментално е генерален директор на групата „Вистенрот“, а претходно беше висок функционер на Партијата на слободата на Австрија (ФПО).

Хан е од Народната партија на Австрија (ОВП), па така беше формирана политички невообичаена брачна коалиција. Според договореното, таа сега ќе го користи презимето Рис-Хан.

Двајцата се запознале преку заеднички пријатели, а во врска се од 2015 година. На свадбата присуствуваа и поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц и австрискиот тајкун Рене Бенко.