Роденденската забава на мало дете се претвори во трагедија кога неговата баба (54) загина во сообраќајната несреќа со вкупно три жртви во соседна Грција. Во жалост не потона само семејството на малото дете, туку уште две семејства. Во несреќата загинаа 85-годишник и 48-годишно лице кое зад себе остави мала ќерка.

– Шокирани сме, не знам каде одел татко ми во тој момент. Не известија дека меѓу тројцата загинати е и татко ми, изјави ќерката на 85-годишникот.

Според информациите на грчките медиуми, 54-годишната жена која била возач на едно од возилата кои директно се судрило со другото, а живеела во Орестиада, била на пат кон Ризија да го прослави роденден на внукот со нејзиното семејство.

Таа го загубила животот кога директно се судрила со бело комбе управувано од 85-годишниот, пензиониран таксист од Неа Виса, кој исто така починал веднаш, како и неговиот 48-годишен сопатник кој бил во комбето. 48 годишникот зад себе остави мало девојче.

Колку била тешка сообраќајката покрај фотографиите покажува и фактот што за нивно извлекување била потребна интервенција на Противпожарната служба со шест пожарникари и три возила.

📸

📸