Во селото Горна Трепча кај Чачак се случило тешко убиство. Според српските медиуми, маж му ја отсекол главата на сопствениот брат Милован С (59).

„Еден човек му ја отсече главата на својот брат. Во семејството живееа само двајцата браќа, а се имаат иселено од Косово уште за време на бомбардирањето на НАТО во 1999 година. Постојано се караа, а убиениот имаше околу шеесет години“, вели извор за Нова.рс.

Изворот за медиумот, додава дека долго време напаѓачот се лечел на нервниот оддел на една белградска клиника.

„Долго време се лечеше на нервниот оддел на една белградска клиника. Последниве неколку месеци го гледавме како се шета, бараше цигари и пари. А другиот, за жал убиениот, пиеше многу“, додава изворот.

Уапсен e осомничениот за злочинот

Мажот кој е осомничен за кривично дело тешко убиство е уапсен и ќе биде спроведен до надлежните органи.

– Откако го удри брат му со секира, соседот не повика преку оградата, велејќи ни брзо да повикаме брза помош. Екипата пристигнала брзо, но за несреќниот човек немало спас. После тоа дошла полицијата и го привела насилникот, но секирата не била пронајдена. Овој убиен сосед сакал да пие, а дали тоа е причината за оваа крвава расправија не можеме да кажеме – раскажуваат соседите за РИНА.

📸

📸

📸