Три лица се убиени денеска во вооружен напад на универзитет во Манила, а се чини дека станува збор за убиство со цел, соопштија филипинските власти.

Инцидентот се случи на Универзитетот Атенео де Манила додека студентите по право и нивните семејства пристигнуваа на церемонијата на дипломирање, на која требаше да присуствува и претседателот на Врховниот суд.

-Во нападот се убиени Роуз Фуригеј, поранешна градоначалничка на јужната провинција Басилан, нејзиниот помошник и чуварот на универзитетот, изјави локалниот претставник Џој Белмонте.

Роуз Фуригеј, чија ќерка е една од матурантите, доаѓала да присуствува на церемонијата на дипломирање.

Престрелките во училиштата и универзитетите се ретки на Филипините, и покрај благите закони за оружје. Но, целните убиства на политичари се доста чести, особено за време на избори, наведуваат западните агенции.

📸

📸