Бранислав Бјеличиќ, член на партијата „Обединета Српска“ во БиХ е уапсен под сомнение дека брутално ги претепал сопругата, балдската и мајката и таткото на неговата сопруга и им нанел тешки повреди, дознава Српскаинфо. Овој страшен напад се случил пред десетмесечното бебе на Бранислав, но тоа не го спречило да ја претепа сопругата Мира Марковиќ и целото нејзино семејство.
Од полициската управа Добој за Српскаинфо потврдија дека поради сомнение дека сторил кривично дело насилство во семејството или во семејната заедница е уапсен Б.Б. Мира Марковиќ за Српскаинфо раскажа каков хорор преживеале минатиот петок, како и како се уште живеат во страв од насилници и страв дека тој повторно може да ги нападне. Марковиќ изјави дека таа и Бранислав биле во брак околу шест месеци и дека имаат десетмесечно бебе кое живее со неа.
– Покренавме постапка за развод и се договоривме детето да биде со мене, а да се гледа два часа. Тој дојде да го земе бебето во петокот и тогаш се скаравме. Претходно ми плати 200 марки за издршка и јас во петокот му реков дека тоа не ми е доволно и дека ми требаат повеќе пари за издржување на детето, бидејќи треба да купам многу работи и храна, а јас сум невработена – рече Марковиќ.
Таа вели дека тогаш и рекол дека нема да и дава повеќе пари и дека таа го завела, бидејќи тој има дете и од од првиот брак, за кое според Мира, издвојувал повеќе пари.
– Само што му кажав дека му дава многу повеќе пари на детето од првиот брак, кое студира во Нови Сад и дека 200 марки не можат да бидат доволни за бебето. Потоа почна да ми вика и да ми се заканува и тогаш се скаравме – истакнала Марковиќ за Српскаинфо.
Таа додаде дека тогаш настанал хорор и дека не можела да очекува дека Бјеличиќ брутално ќе ги претепа.
– Откако се скаравме, влегов во возилото и почнав да го откопчувам појасот за да го извадам детето од неговото возило. Потоа се префрли над бебето за да ме удри со тупаница во глават Некоалку пати ме удри така во глава. Сето тоа го видела и слушнала мајка ми која тргнала кон нас, а кога се приближила ја удрил со тупаница во главата и веднаш ја соборил на земја. Мајката паднала на патот и веднаш изгубила свест, а крв и течела од главата – објасни Марковиќ.
Таа вели дека сето ова го слушнала и нејезината сестра која ги закачувала алиштата на бебето за да се исушат во дворот од куќата, при што се упатила кон возилото за да им помогне.
– Штом се приближи мојата сестра ја удри и нехзе со тупаница во главата и ја собори на земја. Потоа дојде и татко ми и него исто така го удри со тупаница во главата и го собори на земја. Потоа почна да ме удира со раце и нозе и исто така завршив на земја. Сите бевме облеани во крв и секогаш кога некој ќе се обидеше да стане од земја, Бјеличиќ повторно ќе го удираше и ќе го собореше на земја – изјави Марковиќ за Српскаинфо.
Тој истакнува дека се породила пред само десет месеци, но тоа не го спречило Бјеличиќ да ја претепа. – Ме тепаше додека нашето бебе плачеше во автомобилот. Тоа беше хорор – изјавила Мира. Таа вели дека после тоа тој влегол во неговото возило и си заминал, а потоа повикале полиција.
Таа додава дека во болница го видела и Бјеличиќ, на кого му ставиле лангета на раката, бидејќи најверојатно се повредил додека ги тепал.
Be the first to write a comment.