На повредите им подлегнала девојчето А.А., која беше ранета во пукотницата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, дознава „Блиц“. Девојчето било на Универзитетската детска клиника во Тиршова од 3 мај, кога се случило пукањето.
– Пациентот кој се лекуваше на Универзитетската детска клиника во Тиршова со тешки повреди на главата, опасни по живот, здобиени при пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“, утрово почина и покрај итната хируршка интервенција и сите мерки на интензивно лекување. Министерката за здравство Даница Грујичиќ во свое име и Министерството за здравство изразува искрено сочувство до семејството на повреденото девојче – соопшти Министерството за здравство.
Таа била ранета во главата и веднаш по приемот на клиниката и била оперирана, но, како што тогаш изјавил директорот на Тиршова, Синиша Дучиќ, постапката била долга и напорна.
Да потсетиме, невидена трагедија во Србија се случи на 3 мај во белградското основно училиште во Врачар, кога ученик од седмо одделение со пиштолот на својот татко влегол во училиштето „Владислав Рибникар“.
Тој пукал во училишниот чувар Драган В. и дежурните ученици, а потоа влегол во просторијата за историја каде убил петмина негови врсници и рани ги рани наставничката по историја и уште шест ученици.
Be the first to write a comment.