Вечерва пред Собранието ескалираа протестите против францускиот предлог.

Полицијата што стои пред зградата на Собранието, интервенираше и ги растера демонстрантите од пред дворот на протестите против францускиот предлог.

Кордонот полиција се пушти кон насобраните и ги растера во правец на Жена-паркот.

Според негодувањата на насобраните граѓани, неофицијално има неколку уапсени демонстранти.

Незадоволните граѓани извикуваат „Бугари, Бугари“ кон полицијата. Најмалку двајца од демонстрантите се приведени, јавува новинарот на РСЕ кој го следи протестот.