24 годишна девојка со иницијали Н.Б. која управувала со автомобил БМВ и четворица сопатници во него се повредени во страшна сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу полноќ во селото Звечек кај Обреновац.

Уште пострашно е тоа што кај повредената девојка која управувала со автомобилот е утврдено дека има алкохол во крвта.

Како што неофицијално дознаваат српските медиуми, сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 23.25 часот во населбата Звечка.

– Несреќата се случила кога БМВ-то излетало од патот и удрило во три паркирани возила. Удрила во паркирани „голф“, „мерцедес“ и „сеат“. По несреќата било констатирано дека пет лица се повредени и сите се во БМВ-то – објасни изворот на Информер запознаен со случајот.

Како што додаде, полицијата извршила истрага и алкотестот утврдил дека девојката која го управувала возилото имала 1,24 промили алкохол во крвта.

📸

📸

📸

📸