Босанската јавност остана во шок по веста дека во фотокопирница во Зеница се пронајдени две безживотни тела. Како што претходно објавиja босанските медиуми се работи за машко и женско лице.
– Според непотврдени информации, сопственикот на дуќанот Мухедин Б., од огнено оружје ја убил долгогодишната работничка Нермина П., а потоа си пресудил. Безживотните тела со часови биле во фотокопирницата и биле забележани од случаен минувач кој веднаш повикал полиција, објави „Аваз“.
Дежурниот лекар од брзата помош можел само да констатира смрт по пристигнувањето.
Полицијата до телото пронашла пиштол. Нермина зад себе ги остави нејзиниот сопруг и синот. Полицијата ги утврдува околностите под кои се случила оваа невидена трагедија.
Како никој не слушнал ништо?
Никој не слушнал истрели, иако околу копирницата има неколку продавници и ресторани. Никој не зборува за мотивите и можните причини за тоа што се случило, па тешко е да се утврдат сите околности кои довеле до овој настан.
На местото на настанот е пронајдено и оружје со кое најверојатно е извршено убиството и самоубиство, а деталите ќе бидат утврдени по истрагата.
Истрагата која заврши доцна синоќа ја водеше дежурниот кантонален обвинител, а повеќе информации ќе се знаат подоцна.
Безживотните тела се пренесени во Кантоналната болница во Зеница, каде ќе биде извршена обдукција за да се утврдат околностите на оваа трагедија.
Be the first to write a comment.