Во Кикинда вчера во раните утрински часови се случило убиство и самоубиство кога З.М. (инаку сопруг на Е.М), го убил Т.З. во неговата куќа, а потоа си пресудил.

Наводно, З.М. дознал дека неговата сопруга Е.М. е во врска со Т.З, па тоа било мотив за крвавиот пир. Како што потврдија соседите, Т.З. и Е.М. навистина биле во врска, а очигледно за тоа неодамна дознал нејзиниот сопруг З.М.

„Тие се гледаа околу шест до седум години и сите го знаеја тоа. Нејзиниот сопруг работеше во Унгарија и речиси цело време беше на пат, односно далеку од дома. Тие немаа никаква врска иако беа во брак. Не знам што се случи сега наеднаш“, велат соседите.

Како што додаваат, Т.З. кон Е.М. се однесувал прекрасно, па дури и кон нејзините внуци.

– Неодамна им купи и зајак, велат соседите.

Да потсетиме, З.М. го убил Т.З. така што прво го прободел со нож, а потоа со чекан му го скршил черепот, а потоа се качил на таванот и се обесил.

Како што е познато, Т.З. утрото ја однел Е.М., со која бил во врска, до пекарата во која работела. Откако се вратил дома, во домот го чекал З.М. кој го убил.

Според првичните информации, на масата бил пронајден нож со траги од крв, додека чекан со траги од крв во бањата до тоалетот.

Полицијата на поткровјето од куќата затекнала и машко лице, без знаци на живот, кое висело на дрвена греда од покривот. На чевлите и облеката имало траги од крв.

Соседите кои живеат спроти Т.З. го чекале на кафе, а кога не се појавил се обиделе да го побараат. Стигнале до вратата, на влезот нашле крв и веднаш повикале полиција.