Жената која беше малтретирана од медицинска сестра во дом за стари лица во Пеќ денеска замина од оваа установа, каде престојуваше речиси една година.

Жената ја зедоа членовите на семејството, кои немале информации дека таа била малтретирана, се до денеска, откако беше објавено видеото во јавноста.

Во меѓувреме, албанските медиуми го објавија идентитетот на медицинската сестра која ја малтретира старицата. Станува збор за Аурона Пелај.

За инцидентот што наводно се случил во саботата, косовската полиција ги уапсила Аурона Пелај и шефот на персоналот во Домот за стари лица „Оренда“, за сторено кривично дело „Напад“ и кривично дело „помагање во извршување на казнен прекршок напад“. Двајцата вработени се во притвор од 48 часа.

Аурона Пелај

Случајот бил пријавен од трети лица, бидејќи ниту еден од инволвираните лица не го известил раководството на институцијата или косовската полиција.

Од домот за стари лица соопштија дека ја суспендирале од работа Аурона Пелајн заедно со уште тројца вработени кои биле на смена и не го пријавиле случајот.

Во меѓувреме реагираше и Косовскиот центар за рехабилитација на преживеани од тортура, кој го осуди случајот и додаде дека од објавената снимка се гледа дека предметните лица извршиле кривично дело малтретирање при вршење на службената должност и дека постојат елементи на „мачење“.

Резиденцијата за стари лица „Оренда“ во Пеќ е приватна установа која нуди сместување и грижа за стари лица.

Во меѓувреме, со реакција на социјалните мрежи излезе Антон Расај, акционер во домот за стари лица кој е дел од компанијата Оренда во Пеќ. Тој се извинува за случајот кој ја шокираше јавноста и вели дека ги суспендирал вработените. Бара за нив казна:

„Се извинуваме за снимките кои не погодија сите. Јас Антон Расај, денес како најголем акционер во компанијата Оренда во Пеќ случајно бев овде со моето семејство. Итно ги презедов сите дејствија. Јас сум инвеститор, заработените заштеди во странство одлучив да ги вложам со семејството во мојата татковина. Вработивме луѓе и се погриживме да отвориме работни места за нашите сонародници и да обезбедиме максимално професионално однесување од персоналот во нашиот центар, но ситуацијата, односно инцидентот не остави без зборови. Немам зборови да опишам како се чувствував, кога го видов однесувањето на медицинските сестри, објави преку социјалните мрежи Антон Раса.

Косовската јавност беше згрозена откако на социјалните мрежи се појави вознемирувачката снимка од дом за стари лица во Пеќ, на која се гледа како млада работничка, негувателка или медицинска сестра, малтретира и тепа стара жена, жителка на домот.