Трагичен настан ја шокираше Албанија, но и Грција вчера, каде 24 годишниот Албанец Ќамил Таја со пиштол ја убил својата партнерка.
Љубомората била причината што го „натерала“ 24-годишното момче да ја усмрти својата девојка Крисјана Браќај во Пиреја во раните утрински часови во саботата.
Нејзини фотографиии, како и фотографии на Таја беа објавени во грчките и албанските медиуми. Според грчката полиција, насилникот ја застрелал жртвата неколку пати со пиштол, чии куршуми ја погодиле 19-годишната Крисјана во главата и градите.
Потоа, младиот човек се предал во полициската област во Пиреја, каде на полицијата ѝ рекол дека ја убил својата партнерка од љубомора.
Полицијата нагласи дека тој извршил психичко и физичко насилство врз жртвата. Парот живеел во влез во населбата Каминија во Пиреја. Телото на жртвата било пронајдено во нивниот стан.
📸
📸
📸
Последната објава на убиецот
Во својата последна објава на социјалните мрежи, 24 годишниот Таја ја покажал својата љубомора како причина поради која ја убил 19-годишната девојка.
Впрочем, така и тврдел на полицијата непосредно пред да го уапсат, дека бил љубоморен. Во неговата последна објава на социјалните мрежи напишал:
„Слабост…. Немавте ниту една. Имав… Љубомора“ напишало 23-годишното момче.
📸
📸
Be the first to write a comment.