Синоќа во босанскиот град Брчко се случи тешка сообраќајна несреќа во која според првичните информации најмалку две лица се повредени.

Според информациите од полицијата, во сообраќајната несреќа што се случи по 21 часот на раскрсницата на неколку сообраќајници во непосредна близина на Градскиот парк учествувале три автомобили.

Очевидци на настанот наведуваат дека возачот на камионет теренец со молскавична брзина поминал на црвено, по што удрил во еден, а потоа во друг автомобил, кој од силината на судирот завршил во Градскиот парк.

На сите возила е причинета голема материјална штета, а на местото на настанот е спроведеа полициска истрага за да се утврдат сите детали од сообраќајната несреќа.

Првите информации велат дека најмалку две лица се повредени.

📸

📸

📸