Шеснаесет лица загинаа вчера кога минибус и два камиони се судрија во рускиот град Уљановск (во регионот на Волга), пренесоа руските агенции.
Според очевидци на кои се повикуваат новинските агенции, камион излегол од коловозната лента кога се судрил со минибус кој сообраќал од спротивна насока, во близина на селото Николаевка. Во моментот на несреќата, минибусот бил удрен и во задниот дел од друг камион.
На сликите прикажани од руската телевизиска мрежа Рен ТВ, минибусот се чини дека бил речиси срамнет со земја од двата камиона.
„Според прелиминарните податоци, возачот на камион влетал со возилото на спротивната сообраќајна лента и се судрил со минибус“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на областа Уљановск.
В Ульяновской области погибли больше 10 человек из-за столкновения микроавтобуса с двумя грузовиками
Видео: ЧП Ульяновск pic.twitter.com/pVtSvm47du
— SOTA (@Sota_Vision) August 21, 2022
Во сообраќајната несреќа загинаа 16 лица, сите државјани на Казахстан, соопштија спасувачките служби на кои се повикува руската јавна агенција Риа Новости.
Уште три лица – двајца мажи и една жена – се хоспитализирани во тешка состојба, напиша на Телеграм гувернерот на областа Улјановск, Алексеј Руских.
Прекршувањето на правилата за патен сообраќај е вообичаено во Русија, каде во последните години имаше неколку сообраќајни несреќи со автобуси со смртни последици.
Во јануари пет лица загинаа, а 21 беа повредени во автобуска несреќа во областа Рјазан, на околу 270 километри јужно од Москва.
Во декември 2019 година, автобус со речиси 40 патници падна во замрзната река во регионот Забајкалск во Сибир, при што загинаа 19 лица, а 21 лице беа повредени.
Be the first to write a comment.