Родителите на Тања Коматиновиќ (31), медицинска сестра од Прокупље, која беше пронајдена мртва во својот стан во италијанскиот град Виченца, отпатуваа за Италија, а во семејната куќа во Прокупље владее молк.
Во куќата останала само тетката, која не сака да зборува за медиумите, ниту пак може да каже нешто. Смета дека се собрани пари за транспорт на телото на Тања во Србија.
– Те молам, не ме прашувај ништо, не знам што да кажам, вели тетката на Тања, која новинарите ја нашле во домот на семејството Коматиновиќ.
Несреќната девојка била весела, насмеана, а оние кои ја познавале, како што тврдат, се уште не можат да разберат дека ја нема.
– Ужасно, не знам што да кажам. Ја познавав Тања, се разбира, дури и се дружевме. Заврши средно во овдешната гимназија, потоа медицинско училиште вонредно и пред четири години отиде во Италија. Таму се омажи за Италијанец, а потоа се разведе. Работеше во болница во Виченца. Одамна не сум ја видела, вели пријателка на починатата девојка.
Таа додава дека, колку што знае, утре треба да се направи обдукција, а не е сигурна дали е вистина она што го објавија италијанските медиуми, а тоа е дека Тања се самоубила во својот стан.
– Беше прекрасна и не верувам во тоа, би сакала да почекам што ќе утврди истрагата, додава соговорничката..
Тања има уште две сестри, едната живее во Белград, другата е подолго време на Алјаска, како и помал брат. Живееле скромно, родителите се развеле и секое од децата веќе си го нашло својот пат во животот.
Засега, барем според соговорниците на српските медиуми, кои го познаваат семејството, никој не знае што би ја натерало да се самоубие, доколку навистина го сторила тоа.
Телото на Тања го пронашле нејзините колеги кои дошле да ја одвезат на работа во областа Савијабон во Виченца, а претходната вечер соседите ја слушнале како се расправа со нејзиниот поранешен сопруг.
Be the first to write a comment.