Смртта на 20-годишниот Андрија Станишиќ од селото Копривница кај Зајечар, го зави во црно неговото семејство. На нивната улица од синоќа одекнува од лелекот на роднините, но и на бројните пријатели и соседи кои во најтешките моменти се обидуваат да ги утешат нивната мајка Милица и таткото Саша. Според пишувањата на српските медиуми, Андрија не бил пливач.

Најтешко и е на мајката на Андрија, која гушејќи се во солзи едвај собрала сила да каже неколку реченици за своето дете, пренесува Нова.рс.

-Тој ми беше единствено дете, го родив на шеснаесет години. Се подготвувавме да го прославиме неговиот дваесетти роденден на 21 август, сега мајка му ќе му ја однесе тортата на гроб. О Боже, зошто ми го одзеде единственото дете – плачеше очајната жена.

Последната фотографија на Андрија со таткото Саша (ФОТО: Нова.рс)

Таа објаснува дека Андрија на 11 јули отишол во Белград да работи кај нејзиниот брат.

– Сакаше да заработи џепарлак, да купи патики, гардероба, сакаше се што сакаат другите млади луѓе, му требаа пари за да ги оствари своите соништа. Тој навистина сакаше да стане славен, играше фудбал, сонуваше за професионална кариера. Кутриот, стана познат на најлошиот начин – плачеше мајката Милица.

Таа истакнува дека не може да прежали што не отишла со сопругот во Белград да го посети синот во саботата.

– Ме замоли да му купам чорапи и алишта, па Саша отиде да му ги однесе тие работи. Зошто последен пат не отидов да го видам син ми? Беше многу добар, чесен и нерасипан, ништо не остана зад него, ниту жена, ниту дете – рече мајката на несреќниот млад човек.

Телото на Андрија синоќа беше извлечено од Ада Циганлија, а засега не се знае кога ќе биде донесено во Копривница. Тој скокнал од педалинката на која се наоѓал со другарите и исчезнал во водата. Потрагата по него траеше неколку часа.