Младата пејачка Антониа Гиговска периодов е турбо активна на секое поле, како професионално, така и приватно. Меѓудругото, лето како лето, некако не оди без разголени фотографии во бикини, како за повеќето, така и за Гиговска.

Иако млада, Антониа бргу сфати дека социјалните мрежи се добра алатка за да го сподели она што го поседува како адут за поголема актуелност и секако популарност. А, токму тоа периодов воопшто не и недостига… И заради песните и видеата и заради фотографиите на социјалните мрежи, особено кога ќе покаже доволно „гола кожа“, па ќе ја заскокотка јавноста особено кај припадниците на спротивниот пол.

Така е и овој пат, со најновата летна објава од одмор, Антониа одново ги запали социјалните мрежи, лепејќи ги љубопитните погледи за своите најнови фотографии во танга бикини.

Дополнително провоцираше што фокусот го стави на задникот, па дури го поткрена со дланките за поубаво да се види. Ваквата провокација очекувано предизвика лавина коментари, а меѓу ласкавите имаше и такви проследени со вулгатности од оние силно испровоцираните.

На Антониа тоа очигледно не и пречи, а да и пречи не им им возвраќа, ниту ги брише, туку остава зад неа „да се крева прашина“, па кој што сака да пише, нека пише! Младата секси дама добро знае дека се’ е реклама!

📸

📸

📸